Лимфаденопатија e состојба на промена на лимфниот јазол во големина, број и/или конзистенција. Често е синоним на отечени или зголемени лимфни јазли. Може да биде резултат на примарна или секундарна манифестација на голем број заболувања.
Високата стапка на излечени деца болни од рак не доаѓа без своја цена. Освен што хемотераписките лекови и зрачењето се високо токсични за клетките на ракот, тие исто така се многу токсични и за здравите клетки и органи.
Ракот кај децата се разликува од ракот кај возрасните на неколку начини. Најважната разлика е во тоа што кај децата генерално ракот има подобра прогноза отколку кај возрасните. Две третини од децата на кои им е дијагностициран рак се излекуваат од болеста.
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.