ПРВО ОНЛИНЕ СОВЕТУВАЛИШТЕ ЗА ПАЦИЕНТИ СО ХЕМАТОЛОШКИ МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА И НИВНИТЕ НЕГУВАТЕЛИ

Почитувани,

Пандемијата со КОВИД 19 предизвика промени кај сите нас, а особено кај пациентите со хематолошки малигни заболувања кои се во имунокомпромитирачка состојба. За да им помогнеме на овие пациенти ја овозможивме оваа платформа во вид на онлине советувалиште во рамките на кое пациентите и нивните негуватели ќе имаат можност да се консултираат со лекар-специјалист, нутриционист, психотерапевт или да добијат бесплатни часови по јога. Почнуваме се совети од област на исхрана кај пациентите со хематолошки малигни заболувања и со виртуелни часови по јога.

СОВЕТИ ЗА ИСХРАНА КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ХЕМАТОЛОШКИ МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА

Исхраната е многу важен дел од третманот на хематолошките малигни заболувања. Добрата исхрана на болните пред, во текот и после лекувањето е фактор кој ќе придонесе да се чувствувате подобро и посилно во совладувањето на болеста. Многу луѓе имаат потреба за повеќе информации во врска со исхраната при овие заболување за што и ја овозможивме оваа платформа. На Вашите прашања за исхраната како превенција , во текот и после болеста, одговори ќе дава нутриционистот г-ѓа Соња Пановска, магистер по јавно здравје. Можете да поставите прашања преку формата со пополнување на податоците или да закажете виртуелна средба во траење од максимум 20 минути, на која ќе можете да поставите прашања.

ВИРТУЕЛНИ ЧАСОВИ ПО ЈОГА

Истражувањата укажуваат дека јогата како комплементарна терапија ги подобрува : крвната циркулација,пулсот, дишењето, метаболизмот и целокупната здравствена состојба.Јогата може да ја подобри Вашата подвижност, здравјето на коските,кардиоваскуларното здравје,капацитетот на белите дробови и останатите физиолошки механизми во телото, а исто така може и да ја намали болката.Јогата не може да го излечи карциномот, но многу помага при несоници,проблеми со спиење,го намалува стресот и овозможува да бидете порелаксирани.Истражувањата покажуваат дека јогата им помага на заболените од карцином да се ослободат од депресија или анксиозност. 

Изработката на платформата е поддржана од Myeloma Patients Europe(MPE)

ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ

Име*
Прeзиме*
Телефон*
Е-пошта*
Тип на консултација (одберете област)
Вашето прашање
Или закажете термин за виртуелна средба со (нутриционист ,психотерапевт, лекар-специјалист или виртуелен час по јога)
Прикачи документ (специјалистички извештај, лабораториски наод и сличнo)
Прегледај
Додади датотеки
*
Ве молиме прочитајте ја нашата Политика за приватност и кликнете на копчето погоре за да ја испратите пораката.
За сите дополнителни информации контактирајтe ja Милица Кузмановска
milicakuzmanovska@yahoo.com
+389 70 349 550

СИТЕ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Сите вести од Статии