Кратко за нас

Здружението ХЕМА е основано во јануари 2018 година за помош и поддршка на пациенти со хематолошки заболувања и нивни негуватели. Формирано е со слободно здружување на граѓани, со цел да им се понудат поддршка и информации на пациентите, негувателите и семејствата засегнати од хематолошки заболувања. Цел е да се лобира овие пациенти да имаат подобар и еднаков пристап до квалитетна и современа терапија и современи третмани на лекување, кои им се достапни на пациентите од Западна Европа и останатите развиени земји. Воедно, преку кампањи и други активности, да се подобри квалитетот на нивниот живот и да се подигне свеста за хематолошките заболувања.

Нашата мисија и причина за постоење, е искрена желба за поддршка на пациенти и нивни негуватели, во процесот на лекување на хематолошки малигнитети, се со цел за подобрување на квалитетот на лекување на овие пациенти и квалитетот на нивниот живот, во напнато општество.

Мисија

Полесен пристап до најнови информации и современи методи на лекување, поврзани со проблематиката на болеста. Помош и поддршка на пациенти со наши програми и проекти, отворени работилници и форуми во кои ќе бидат вклучени и дел од професионални медицински лица и хуманитарни работници( лекари, психолози, психијатри).

Визија

Нашата визија е да бидеме синоним за пациентско здружение кое поставуа нови, покомпетентни и повисоки стандарди во однос на пристапот на лекување на крвните болести. Отварање на нови можности за пациентите кон соодветниот пристап во лекувањето, според примерите на високо развиените здравствени системи, во Европа и во светски рамки.

Цели и задачи