Проблеми поврзани со исхраната кај заболените од рак и нивен третман

Пациентите заболени од рак, треба да одржуваат адекватна доза на течности, енергија и протеини. Хранливите потреби на пациентот може да ги пресмета диететичар или лекар, бидејќи потребите значително се разликуваат од пациент до пациент. За оние пациенти кои имаат тешкотии при јадењето, поради блокадата на горниот гастроинтестинален тракт, како што е отежнато голтање, стеснување на хранопроводот, тумор, болки во стомакот, парализа или други состојби кои го попречуваат нормалното внесување храна, може да се администрира ентерална исхрана преку цевка во носот (или хируршки поставени цевки). Доколку гастроинтестиналниот тракт функционира и нема да биде афектиран од третманите, во тој случај се препорачува ентерална поддршка. Парентерална исхрана (најчесто инфузија во вена) може да се користи ако желудникот не функционира правилно или поради други причини кои го спречуваат ентералното исхранување.


Треба да се обрне внимание на проблемите при исхраната кои се предизвикани од несаканите ефекти на антиканцер терапијата, за да се обезбеди соодветна исхрана и да се спречи губењето на тежината. Следните предлози ќе ви дадат корисни совети за справување со несаканите ефекти. 

За да се справите со губење на апетитот и губење на тежината:
  • Јадете повеќе кога се чувствувате најгладни
  • Јадете храна која се ужива најмногу
  • Јадете повеќе мали оброци и закуски, наместо три големи оброци
  • Имајте приготвени закуски при рака, како што се сирење и крекери, крофни, ореви и семиња, конзервирани пудинзи, сладолед, јогурт и тврдо варени јајца
  • Јадете високо калорична и високо-протеинска храна.
  • Започнете со помали количини за време на оброкот и уживајте во задоволството кое ви го пружа завршувањето на оброкот. Земете дополнителни порции ако се уште сте гладни
  • Јадете во пријатна атмосфера со семејството и пријателите
  • Консумирајте најмалку 8-10 чаши вода дневно за одржување на балансот на течности
  • Размислете за комерцијалните замени на оброк во вид на течност
  • Разговарајте со лекарот за можноста за користење на лекови кои го зголемуваат апетитот
Гадењето е заеднички ефект на неколку терапии, вклучувајќи хирургија, хемотерапија, биолошка терапија и зрачење. Ако гадењето е проблематично, следниве методи може да ви помогнат:
  • Избегнувајте масна, пржена, зачинета, врела или храна со јак мирис
  • Јадете мали оброци, често, но полека
  • Ако гадењето е особено полошо наутро, конзумирајте сув тост или крекери пред да станете од креветот
  • Обидете да избегнете храна, како бистри течности, тост, крекери, јогурт, шербет, овес, пилешка кожа, овошје и зеленчук кои се меки или испасирани
  • Пијте ладни или разладени пијалоци
  • Жешката храна може да придонесе за гадењето, па консумирајте храна на собна температура или од ладилник
  • Пијте течности (може и со сламка) во текот на денот, но не за време на оброци. Обидете се да лижете коцки мраз
  • Разговарајте со лекарот дали е дозволено да користите лекови против гадење (наречени антиеметици)
Повраќањето може да се случи од неколку причини, поради самиот рак, неговата терапија или емотивната вознемиреност. Доколку повраќате следните насоки може да ви помогнат: 
  • Немојте да пиете или јадете се додека повраќањето не сопре, а потоа консумирајте мали количини на бистри течности
  • Доколку можете да толерирате бистри течности, обидете се да конзумирате целосна течна диета (вклучувајќи ги и млечните производи, освен ако тие се тешки за варење). 
Откако гадењето и повраќањето ќе сопрат, започнете со мали количини и обидете се постепено да ја вратите редовната исхрана. 

Ако поради заморот сте спречени да примате адекватна исхрана, следниве стратегии можат да помогнат:
  • Обидете се да користите замрзната, конзервирана или храна која е подготвена за употреба
  • Јадете високо калорична храна
  • Имајте при рака подготвени закуски, како што се сирење и крекери, крофни, ореви и семиња, конзервирани пудинзи, сладолед,  јогурт и тврдо варени јајца
  • Поканете ги пријателите или семејството да ви помогнат со подготовката на оброкот
  • Размислете за комерцијални замени за оброк во вид на течност
Промените во вкусот може да и дадат на храната метален или исклучителен вкус. Разгледајте ги следниве стратегии за ублажување на промените во вкусот.
  • Ако месото има метален вкус, обидете се со други извори на протеини како што се млечните производи, живина, риба, морски плодови, путер од кикирики, јајца, семиња, ореви, тофу и мешунки
  • Користете пластични садови за да се намали металниот вкус
  • Изберете храна како што се цитрусните сокови, лимонада, сок од брусница, киселите краставички, за да ви помогнат во ублажувањето на металниот вкус. Доколку се присутни симптомите на болно грло, не ги консумирајте овие храни.
  • Конзумирајте најразлични јадења
  • Обидете се со различни зачини, лековити билки и сосови
  • Изберете храна која изгледа и мириса добро
  • Пијалаците, кои се премногу солени или слатки, разредете ги со вода
  • Мијте ја устата често со сода и вода
Автор: Др.Дарко Стојановски-медицински советник во ХЕМА

Поврзани вести