Препораки за превенција од корона вирусот(COVID-19) кај пациентите со хронична миелоична леукемија(ХМЛ)

1. Избегнувајте блиски контакти(<1 до 2 метри) со лица кои имаат симптоми на респираторни инфекции.

2. Избегнувајте да го допирате Вашето лице(очи, нос или уста) со немиени раце.

3. Мијте ги рацете почесто со сапун и вода најмалку 20 секунди особено откако ќе одите во тоалет, после употреба на јавен превоз, после дување на носот, кашлање и сл.Може да се употребува дезинфициенс на база на алкохол(да содржи над 60% алкохол)specially.

4. Во случаи вирусот да е присутен во Вашата околина, лимитирајте ги социјалните контакти.

5. Кога го дувате носот,кашлате или кивате, употребувајте книжно марамче и веднаш фрлете го во канта за отпадоци.

6. Носете маска при посета на болница/амбуланта или друга здравствена установа.

7. Избегнувајте непотребни патувања особено во земји со висок ризика за контаминација од вирусот според препораките на СЗО.

8. Избегнувајте патувања ако сте настинати или доколку е неопходно задолжително носете маска.

9. Ако имате симптоми на горно респираторна инфекција и имате закажано преглед со Вашиот спец.хематолог, слушнете се со Вашиот лекар по телефон околу можноста да се одложи Вашиот преглед поради заштита на здравствените работници и другите имунокомпромитирачкки пациенти.

10. Ако се чувствувате добро, не го одложувајте Вашиот преглед освен ако Вашиот лекар ве замоли да не доаѓате.

Интегралниот текст можете да го прочитате на веб страната на CML Advocates Network на следниот линк:

​https://www.cmladvocates.net

 

Категории

Пребарување

Најнови вести

Тагови

Популарни вести

Архива на вести