Витамини важни за превенција на рак

Следниве витамини се важни за здрава исхрана и исто така може да помогнат во превенција на ракот. Нивната улога во одржување на здравјето и нивните најдобари извори се наведени подолу.


Витамин А (ретинол, каротен)
  • улога во растот и регенерирањето на телесните ткива
  • важен е при ноќно гледање
  • за функцијата на имунолошкиот систем
  • најдобри извори: јајца, плодови во темно зелена и жолта боја, зеленчук, немасни млечни производи и црн дроб
Витамин Б6 (пиридоксин)
  • улога во формирање на антитела
  • важен дел во јаглените хидрати и протеините
  • црвените крвни клетки
  • нервната функција
  • најдобри извори: посно месо, риба, живина, цели зрна и компири
Фолна киселина (фолати)
  • помага во формирањето на црвените крвни клетки
  • важен во метаболизмот на протеините
  • раст и делба на клетките
  • најдобри извори: зелен листен зеленчук, пилешко, овошје, грав, збогатени житарки, ореви и портокали
Витамин Ц (аскорбинска киселина)
  • отпорност на инфекции
  • важен во одржување на колагенот
  • придонесува за лекување на рани
  • ги зајакнува крвните садови
  • помага во одржувањето на здрави непца
  • најдобри извори: цитрусни плодови, домати, бостан, брокула, зелени и црвени пиперки и бобинки
Витамин Е (токоферол)
  • може да помогне во функцијата на имунолошкиот систем
  • важен во спречувањето на оксидацијата на црвените крвни зрнца и клеточните мембрани
  • најдобри извори: растителни масла, пченица, ореви, темно зелен зеленчук, грав и цели зрна.
Се верува дека антиоксидантните витамини го заштитуваат телото од штетните слободни радикали, кои можат да придонесат за заболувања како што е ракот. Антиоксидантни витамини вклучуваат витамин А, Ц и Д. Но, премногу високи дози може да придонесат до зголемување на оксидативниот стрес и затоа може да бидат штетни за ризикот од рак.

Исхраната богата со овошје и зеленчук (содржи Б6, фолна киселина и ниацин) се појавува како заштита против рак на желудникот, а особено рак на цревата.

Една студија објави дека зеленчукот, особено брокулата, зелје, прокељ, карфиол и зелка се поврзани со намалување на ризикот од рак. Друга храна како што се морковите, грав и готвените домати, исто така, се поврзани со намалување на ризикот од рак.

Компонента на витаминот Е, токотриенол, е поврзана со намалување на ризикот од рак на дојка кај лабораториските животни. Докажано е дека токотриенолот лесно ги убива клетките на туморот. Токотриенол не е материја од ист тип пронајдена во генеричкиот Витамин Е, но го има во изобилство во палминото масло. Палмино масло е тешко да се добие во Западниот свет, но пониски концентрации на токотриенол се наоѓаат во оризовото и пченичното масло.

Истражувачите тврдат дека одговорот не е во ниту една хранлива состојка, туку дека ефектите се кумулативни и зависат од внесување на различни овошја и зеленчуци. Затоа што има многу повеќе хранливи материи на располагање во храната, како што е овошјето и зеленчукот отколку во витамински додатоци, храната е најдобар извор за стекнување на потребни витамини и минерали.

Автор: Др.Дарко Стојановски-медицински советник во ХЕМА

Поврзани вести