Малигнен лимфом

Има два главни вида на лимфоцити: Т клетки и Б клетки. Малигните лимфоми се создаваат од овие клетки. Почест тип кај возрасните се Б клеточните лимфоми, додека кај децата инциденцата на Т и Б клеточните лимфоми е скоро иста.
Лимфомите се делат на два главни типа: Хоџкин (ХЛ) и не-Хоџкин лимфоми (НХЛ). 
Некои од не-Хочкин лимфомите ги вклучуваат: Буркит-овиот лимфом, дифузен голем Б-клеточен лимфом, лимфом со фоликуларен центар и  mantle-клеточен лимфом.
НХЛ е составен од околу 10 подтипови и 20 различни ентитети на болеста. Поделбата е врз основа на тоа дали лимфомот е со низок градус (напредува полека) или висок градус (напредува брзо). НХЛ, исто така, се групирани според клеточниот тип на Б-клеточен или Т-клеточен.
Најголемиот број на лимфомите започнуваат во лимфните јазли; околу 20% почнуваат во други органи, како на пример белите дробови, црниот дроб или гастроинтестиналниот тракт. Кога лимфомите ќе се создадат, малигните лимфоцити се размножуваат неконтролирано и не ги извршуваат своите нормални функции што влијае врз способноста на телото да се бори против инфекции. НХЛ е многу помалку предвидлив од ХЛ и е поверојатно да се шири во делови надвор од лимфните јазли. Малигните клетки може да ја окупираат коскената срцевина и во зависност од степенот, да го спречат создавањето на нормалните црвени крвни клетки, бели крвни клетки и тромбоцитите. 
Канцерогените клетки исто така, можат да ги нападнат и други органи преку циркулаторниот систем на лимфата, намалувајќи ја функцијата на тие органи.   
Автор: Др.Дарко Стојановски-медицински советник во ХЕМА

Поврзани вести