Проблеми поврзани со витамините кај заболените од рак

Постојат загрижености во врска со нивоата на антиоксиданси во текот на хемотерапијата и радиотерапијата. Истражувачите прикажуваат дека во истражувањата со лабараториски глувци, големи количини на витаминот Ц се консумира од туморите во текот на хемотерапијата. Витаминот Ц е антиоксиданс кој ги консумира слободните радикали и се смета дека можеби интерферира во процесот на убивање на клетките на ракот во текот на хемотерапија или терапија со зрачење. Затоа, пациентите подложени на хемотерапија се советуваат да не земаат големи количини на витамин Ц.


Уште една истражувачка студија, исто така, ги предупреди болните од рак за витамин А и витамин Е за време на хемотерапијата, поради тоа што покажаа протективен ефект за клетките на ракот кај лабораториски глувци.  Овие антиоксиданси може да ги заштитуваат од уништување не само нормалните клетки, туку може да ги заштитуваат и опасните клетки на ракот, за да не бидат уништени во текот на терапијата. Истражувачите укажуваат на тоа дека исхраната со антиоксиданси треба да се избегнува при терапијата на ракот.

Пушачите се советуваат да не консумираат храна богата со бета-каротен (витамин А), бидејќи истражувањето покажа поврзаност со зголемена инциденца на рак на белите дробови.
 

Алтернативна и комплементарна терапија

Не постои алтернатива или комплементарна прехранбена терапија, која се покажала ефикасна за превенција или лекување на ракот. Меѓутоа, неколку видови храна како што се лукот, растителните стероли, полифенолите од зелениот и црниот чај, соја производите (соја изофлавони) во претходните истражувања за антиканцерогени својства се покажаа ветувачки. Многу од овие производи активно се тестираат во клинички испитувања за да се откријат анти-канцерогени својства. Што се однесува за превенцијата, последните истражувања јасно покажаа дека внесувањето на овошје и зеленчук се поврзани со пониска инциденца за некои видови на рак. Важно е да се провери со диететичар или лекар пред да се земаат било какви додатоци во исхраната или алтернативни терапии, бидејќи тие може да попречат во третманите или да интерферираат со лековите за ракот.
 
Автор: Др.Дарко Стојановски-медицински советник во ХЕМА

Поврзани вести

Категории

Пребарување

Најнови вести

Тагови

Популарни вести

Архива на вести