Европски самит за рак ЕССО 2019

Европскиот самит за рак ЕССО 2019 се одржа на 12-14 септември 2019 година во Брисел, Белгија, што претставуваше фокусна точка за решавање на проблемите што влијаат на пристапот до висококвалитетна грижа за пациентите заболени од рак ширум Европа.

На Самитот се собраа околу 350 делегати поврзани со грижата за пациентите заболени од рак, истражувачи на ракот, застапници на пациентите и јавно-приватниот сектор во уникатен форум со повеќе засегнати страни. За Европскиот самит за рак ЕССО 2019 година, Комитетот за онкополиси на ЕССО ја идентификуваше елиминацијата на рак и болести поврзани со ХПВ како навремена и важна тема на која може да се изразат унифицирани цели од заедницата за рак.

Резолуцијата на ЕССО 2019 Европски самит за рак за елиминација на рак на ХПВ беше донесена од учесниците на Самитот. Развиена заедно со неколку здруженија членки на ЕССО и голема мрежа на заинтересирани организации и експерти, вклучувајќи и период на јавна консултација, резолуцијата на Самитот за елиминација на рак на ХПВ гласи:

„До 2030 година, во сите европски земји треба да се спроведат ефективни стратегии за елиминација на карциноми предизвикани од ХПВ како проблем на јавното здравство“.

Во однос на ефективните стратегии, резолуцијата на ЕССО 2019 Европскиот самит за рак на ХПВ ги поддржува предложените 90-70-90 цели на Светската здравствена организација (СЗО) за вакцинација на ХПВ, скрининг и третман на ракот на грлото на матката како минимални цели. Таквите цели треба да бидат придружени со родово неутрално (универзално) вакцинирање.

Во однос на елиминацијата на ракот предизвикан од ХПВ како проблем на јавното здравство, оваа резолуција се однесува на дефиницијата на Светската здравствена организација (СЗО) за елиминација на јавен здравствен проблем. Елиминацијата како јавно-здравствен проблем се однесува на постигнување на јасни и најчесто договорени цели и дефиниции. Нацрт-глобалната стратегија на СЗО кон елиминација на карцином на грлото на матката како проблем на јавното здравје утврди дека карциномот на грлото на матката повеќе не треба да се смета за здравствен проблем, кога стапката на инциденца прилагодена на возраста е помала од 4 на 100,000 жени-годишно. Предлог-стратегијата продолжува да наведува дека „бидејќи инциденцата не може да се намали на нула со тековните интервенции, прагот на елиминација може да се постигне во XXI-от век во секоја земја.“

Предложени активности и мерки што треба да се преземат за поддршка на постигнување на резолуцијата

Следниот нацрт-акционен план беше предмет на јавна консултација во текот на летото 2019 година и ќе биде понатаму развиен и објавен во однос на примените одговори.

ПРЕДЛОЖЕНИ АКЦИИ И МЕРКИ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ ЗА ДА ГО ПОДДРЖАТ ПОСТИГНУВАЊЕТО НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА ХПВ

АКЦИИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА НА ХПВ

• До 2025 година, сите планови за рак на европските земјаи треба да вклучуваат активности за постигнување на вакцинација врз основа на населението и родово неутрална ХПВ, доколку не е веќе воспоставена.
• До 2030 година, во сите европски земји треба да се воспостават родово неутрални програми за вакцинација против ХПВ инфекцијата.
• Целната стапка на вакцинирање до 2030 година во сите европски земји треба да биде најмалку 90% од адолесцентите за двата пола.
• За поддршка на целите на вакцинација, треба редовно да се ажурираат упатствата на ЕУ за интегрирана ХПВ вакцинација и скрининг за рак на грлото на матката. Третото издание на упатства засновано врз докази треба да се развие до 2022 година.
• Дополнителнo за родово неутралниte програми за вакцинирање, треба да се земат предвид потребите на групите со висок ризик, кои инаку може да бидат надвор од старосните параметри на универзалната програма за вакцинирање.
• За поддршка на целите за вакцинација, треба да се промовира глобална соработка, преку СЗО или други агенти, за да се решат проблемите со синџирот на снабдување со вакцини, за да се осигура дека програмите за вакцинирање со ХПВ на ниту една земја не се погодени поради недостиг.

АКЦИИ ЗА СКРИНИНГ И РАНО ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ

• До 2030 година, најмалку 70% од жените во Европа треба да бидат испитани за карцином на грлото на матката со соодветен XПВ тест со висока прецизност во последните 5 години. Оваа покриеност треба да се постигне, минимум, на возраст од 35 и 45 години, како дел од организирана програма. Програмите за скрининг на ХПВ треба да ги земат предвид иновациите како што е самостојно земање мостри во однос на нивниот потенцијал за постигнување повисоки стапки на скрининг.
• До 2025 година, сите планови за рак на европските земја треба да вклучуваат активности за постигнување на целта за скрининг од 70%, доколку не се веќе постигнати. • За поддршка на целите на скрининг, треба да се ажурираат упатствата на ЕУ за интегрирана ХПВ вакцинација и скрининг за рак на грлото на матката. Третото издание на упатства засновано врз докази треба да се развие до 2022 година.

АКЦИИ ЗА ТРЕТМАН

• До 2030 година, во сите европски земји, 90% од жените со цервикална интраепителна неоплазма од трет степен треба да бидат третирани во рок од 3 месеци; и 90% од сите случаи на инвазивни карциноми треба да бидат откриени и третирани.
• До 2025 година, сите планови за рак на европските земји треба да вклучуваат активности за постигнување на овие цели на третман доколку не се веќе постигнати

НАДВОРЕШНИ АКЦИИ ЗА ПОДДРШКА НА ДОГОВОР НА РЕЗУЛЦИЈА НА СУМИТЕ ХПВ

Свесност за ХПВ

• До 2025 година, сите планови за рак на европските земји треба да вклучуваат активности кон зголемување на разбирањето и свесноста за ХПВ на јавноста, пациентите и професионалните здравствени работници. Оваа свест треба да вклучува опсег на засегнати карциноми и болести, нивни симптоми и форми на превенција. Понатаму, овој комуникациски напор треба да го образложи на јавноста, пациентите и здравствените работници потенцијалот и потребата од елиминација на ХПВ, стратегиите што се следат за постигнување на таа цел и улогата на јавноста, пациентите и здравствените работници за да се постигне целта за елиминација. Потоа, треба да се следат нивоата на информирање на јавноста, пациентите и стручните лица за здравствена заштита на ХПВ.
• Овие активности за подигнување на свеста треба да ја опфатат стоматолошката работна сила во однос на орофарингеалниот карцином и систем на школување.

Борба против влијанието на лажните вести врз вакцинацијата

• До 2021 година, здруженијата за рак, здруженијата на пациенти и на здравствени професионалци и други засегнати страни треба да објават основен список на препораки за консензус за европските земји-членки што треба да ги спроведат, за да се борат со влијанието врз внесувањето на вакцинацијата со ХПВ, што го предизвикуваат лажните вести.
• До 2021 година, сите главни платформи за социјални медиуми кои работат во Европа треба да развијат и имплементираат стратегии за да го намалат ширењето на лажните вести за вакцинирањето.
• До крајот на 2022 година, сите национални планови за карциноми во Европа треба да вклучуваат активности за борба против ефектите на лажните вести по стапките на вакцинација со ХПВ, како дел од пошироката кампања за намалување на негативното влијание на лажните вести за сите програми за вакцинација.

Подобрување на податоците и набљудувањето

• До 2025 година, сите европски земји треба да имаат воспоставени регистри засновани врз популацијата, за одговорно следење и известување за вакцинациите за ХПВ, скрининг за ХПВ и ХПВ поврзани (и други) податоци за зачестеност и смртност на рак.

Мисија на ЕУ за рак

• До 2021 година, Мисијата на ЕУ за рак треба да има јасни елементи во рамките на својата програма што се поддршка на глобалната стратегија на СЗО за елиминација на карцином на грлото на матката како проблем на јавното здравство и резолуциите на ЕССО 2019 Европски самит за рак за елиминација на ХПВ.
• Ова треба да вклучува поддршка на приоритетите за истражување, како што се нови технологии за вакцинирање и скрининг, како и техники за нега и третман.

Дополнување на мисијата на ЕУ за рак со мастер план на ЕУ

• Целите на мисијата на ЕУ за рак, како што е ХПВ, треба да бидат надополнети со ЕУ мастер план за карцином, кој поддржува достигнување во однос на теми кои не се поврзани со истражувањето. Ова може да вклучува олеснување на поголема употреба на структурните фондови на ЕУ за да се постигне вакцинација со широк опсег на ЕУ и СЗО, скрининг за карцином на грлото на матката и цели за третман на рак поврзани со ХПВ

Следење на плановите за рак на земјата-членка

• Како дел од координативната улога што ЕУ треба да ја има во помагање на државите членки во борбата против ракот до 2025 година, треба да се воспостави јавен тренинг за мониторинг и известување во однос на предметите на планот за рак на земјите-членки на ЕУ, слични на тренингот за „Состојбата на здравство во ЕУ“. Ова треба да вклучува и следење на дејствијата кон меѓународните цели за елиминација на рак поврзани со ХПВ.
 
Автор: Др.Дарко Стојановски-медицински советник во ХЕМА

Галерија

Поврзани вести