Првата регионална анкета за проценка на грижата за пациенти со карцином достапна и во Македонија!

Со задоволство Ве информираме дека првата регионална анкета за проценка на исходите кај пациенти со карцином е достапна и во Македонија.

Главната цел на ова истражување е да се соберат вредни сознанија за грижата за пациентите со малигни болести во земјите од Источна и Централна Европа. Се очекува, резултатите да ги покажат реалните потреби на пациентите во различни сегменти од онколошката грижа во сите вклучени земји како Бугарија, Хрватска, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словачка и Словенија.

Здружението ХЕМА од Скопје со особена чест и задоволство ја поддржува оваа анкета и нејзиното спроведување. И во иднина ќе продолжиме да ги поддржуваме иницијативите кои се фокусирани кон подигнување на свеста за болестите, забрзување на дијагностиката, едукација и обезбедување на пристап на пациентите до здравствени услуги и третман со цел унапредување на квалитетот на живот на секој пациент во Македонија.


За да пристапите до анкетата кликнете тука.


КАКО И ВИЕ МОЖЕТЕ ДА ПОМОГНЕТЕ

Вклучете се во борбата против ракот. Доколку ја поддржувате оваа иницијатива, споделете го прашалникот (https://survey.onkologija.hr) преку e-mail, социјалните мрежи и слично. Информирајте ги лицата болни од рак или излекувани од оваа болест, релевантните групи на пациенти со рак во Македонија и охрабрете ги да земат учество во анкетата. Помогнете прашалникот да стигне до пациентите, за да ги откријат нивните вистински потреби во разни области на онкологијата.

Ајде да направиме партнерство!

Идејата за оваа анкета се родила во јуни 2018 г., во тек на Втората заедничка акција на организации на пациенти со малигни болести од земјите од Централна и Источна Европа во Опатија, Хрватска. Целите на средбата биле да се подобри свесноста за ракот во општеството, да се направат релевантните исходи централен дел од грижата за ракот, да се разбере важноста од собирање и споделување на податоци од редовна пракса, да се изградат и да се зајакнат националните онколошки мрежи и да се вклучат во заедничка интернет-платформа почнувајќи од оваа анкета.
 

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО

Собраните податоци од оваа анкета ќе им користат на пациентските организации во активности за нивно застапување и презентирање на потенцијалните неефикасности во лекувањето на малигните болести и реалните потреби на пациентите во различни сегменти од негата. Анкетата треба да ја прикаже ситуацијата во секоја земја поединечно, како и ситуацијата во регионот.


 

Поради ова, Ве повикуваме да се вклучите активно со цел да им помогнеме на пациентите во регионот да ги унапредат исходите од онколошката грижа во иднина. Со почит, Тимот и членовите на Здружението ХЕМА

Поврзани вести

Категории

Пребарување

Најнови вести

Тагови

Популарни вести

Архива на вести